Вежби за деца кои не седат

<3 МЕСЕЦИ

Види го светот од прегратка

Едноставна вежба со која се поттикнува малото дете да ја подигне главата и да ги зајакнува мускулите на вратот и грбот. Вежбата е наменета за многу мали деца, помали од 3 месеци, но можат да ја користат и постарите деца. За оваа вежба ќе ви треба стол или кауч, каде што ќе може да се прилагоди аголот на седење, како и играчки кои го привлекуваат вниманието на детето.

Colourful Abstract Free Flowing Doodle Arrow

При оваа вежба, седнете или лесно навалете сѐ, со детето поставено преку едното рамо. Степенот на тежина на вежбата може да се прилагоди со менување на наведнатоста на детето - колку што е поисправено, толку е полесна вежбата. По можност, користете играчки кои му се допаѓаат, за да го поттикнете да ја крене главата.


Втора опција е да има некој зад вас кој ќе го стимулира детето со звуци, песни или играчки. Кога детето е малку постаро, може да се користи огледало за да се поттикне движењето. Оваа вежба може да се изведува неколку пати на ден. Прилагодете го времетраењето на вежбата онолку колку што детето може да издржи.

Останати вежби за период ​помалку од 3 месеци

Play Button

Едноставна вежба за стимулирање на активно движење на рацете и нозете.

Play Button

Ова е вежба за одржување на добра подвижност во колковите и колената.

Rough Abstract U Tape

ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО

Soft Scribble Heart

Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).


Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).


Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).


Референци:

  1. Неуромускулна мрежа TREAT-NMD. Физиотерапија и рехабилитација. [цитат од 29. ноември 2021 година]. Достапно на: https://smacare.guide/physiotherapy-and-rehabilitation/
  2. Mercuri E. и останати. Дијагноза и управување со спинална мускулна атрофија: Дел 1: Препораки за дијагноза, рехабилитација, ортопедска и нутритивна нега. Neuromuscul Disord 2018; 28 (2): 103-115.
  3. Lewelt, A. и останати. Вежби за тренирање на силата за отпорност кај деца со спинална мускулна атрофија. Muscle Nerve 2015; 52 (4): 559-567.


МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11

1000 Скопје

MK-SMA-0624-001