

ВЕЖБИ ЗА ДЕЦА CO CMA
Почитувани родители, старатели, баби, дедовци и сите Вие кои ќе вежбате со нас
Добредојдовте на интернет - страницата посветена на спиналната мускулна атрофија (СМА).
Пред вас е програма на вежби наменета за мали и големи деца кои се дијагностицирани со оваа болест.
Вежбите се поделени во приближни возрасни категории, но врз основа на можностите на детето, можете да одбирате вежби од различни групи.
Вежбите дополнително се поделени во три групи, врз основа на способноста на детето да седи или да стои.
СТАРОСНИ ГРУПИ
Вежбите се насочени кон одредени возрасни групи, но секако, можат да се користат и ако сте постари или помлади, ако треба да се третира конкретно движење. Некои вежби бараат од вашето дете да разбира упатства, така да ќе мора да процените дали одредена вежба му одговара на детето.
ПРИЛАГОДИТЕ ЈА ДОЛЖИНАТА И ЗАЧЕСТЕНОСТА НА ВЕЖБАЊЕТО
Страницата вклучува предлози за тоа како може да се олеснат или отежнат вежбите доколку треба да се прилагоди степенот на тежина. Намерно не вклучивме информации за тоа колку пати, колку долго, или колку често треба да се работат тие вежби. Силата и издржливоста на детето мораат да бидат пресуден и водечки фактор.
КОРИСТИТЕ ИГРАЧКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ АКТИВНОСТИ
Кај неколку вежби препорачуваме да се корисат играчки за да се наведе детето на учество и извршување на вежбата. Погрижете се детето секогаш да ја дофати својата играчката на крајот. Важно е да почувствува дека вредело да се потруди.
НАМАЛЕТЕ ГО РИЗИКОТ
Исто така, важно е вежбите да бидат безбедни. Погрижете се ризикот од паѓање да биде сведен на минимум на тој начин што ќе останете во близина, подготвени да дадете поддршка доколку е потребно. На крајот, а можеби најважно од сѐ, ѐ – вежбите да бидат забавни!
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001