
Вежби за деца кои не седат
<3 МЕСЕЦИ
ИГРА ЈОВАНЧЕ СКОКАЛЧЕ
Едноставна вежба за стимулирање на активно движење на рацете и нозете. Вежбата е наменета за многу мали деца, помали од 3 месеци, но можат да ја практикуваат и постарите деца. За оваа вежба, обезбедете убава, безбедна површина на која ќе го поставите детето и неколку играчки што му се допаѓаат на детето.
Ставете го детето на грб, на површина на висина што е удобна за лицето кое го спроведува тренингот. Тоа може да биде стол за пресоблекување или некое друго место каде што детето може безбедно и сигурно да лежи.
За најмалите деца вежбите за нозе можат да се прават при промена на пелени за да му се овозможи на детето слободно да ги движи нозете. За малку постарите деца се препорачува користење играчки кои светат и испуштаат звуци за да го поттикнат детето да посегне по нив со рацете и нозете.
Кај најмалите деца и децата кои немаат способност да ги подигнат нозете од површината, може да се користи када за бањање со вода за да се олесни движењето. Друг начин да се олесни движењето на екстремитетите е да го поставите детето да лежи на страна.
Останати вежби за период
помалку од 3 месеци
Едноставна вежба со која се поттикнува малото дете да ја подигне главата и да ги зајакнува мускулите на вратот и грбот.
Ова е вежба за одржување на добра подвижност во колковите и колената.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001