
Вежби за деца кои седат
7 години – нагоре
СВИТКУВАЊЕ НА БИЦЕПС
Добра вежба за мускулатурата на бицепсот (мускулите што ги свиткуваат лактите). Вежбата е наменета за деца од 7 и повеќе години, но можат да ја користат и помалите деца. За оваа вежба потребни ви се гумени ленти, обични тегови или тегови со шипка.
Поставете го детето во стабилна позиција на столица, инвалидска количка или со помагало за стоење. Детето нека се гледа во огледало. Работете на активирање на стомачните мускули со цел да се стабилизира трупот. Свиткајте ги и испружувајте ги зглобовите на лактот, движењето надолу треба да биде бавно и контролирано.
Останати вежби за
период над 7 години
Добра вежба со насочување кон превртување од грб на страна.
Тренинг за сила и посебен фокус на движењето на рамењата.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001