
Вежби за деца кои седат
7 години – нагоре
ПОЛУПРЕВРТУВАЊЕ
Добра вежба со насочување кон превртување од грб на страна. Вежбата е наменета за деца од 7 години, но можат да ја користат и помладите деца. За оваа вежба потребни се играчки.
Поставете го детето да лежи на грб. Помогнете му на детето да ја премести едната од двете нозе преку другата во насока во која детето ќе се преврти. Кога ногата и колкот ќе достигнат агол од 90 степени, држете ја ногата мирна и оставете го детето да работи и да го следи вртењето со својата рака и тело.
Почекајте на активно движење, бидејќи на детето му треба време. Користете играчки или предмети (во зависност од возраста на детето) кои детето би сакало да ги дофати. Ако му е премногу тешко, пружете му на детето доволно помош, за да успее да се сврти на страна.
Останати вежби за период над 7 години
Тренинг за сила и посебен фокус на движењето на рамењата.
Добра вежба за мускулатурата на бицепсот (мускулите што ги свиткуваат лактите).
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001