
Вежби за деца кои одат
3 години – 7 години
СТОЈ – СТАБИЛНО
Оваа вежба ја зајакнува способноста на детето да стои стабилно, со тоа што мора да стои на различни површини. Вежбата е наменета за деца од околу 3 до 7 години, но може да ја користат и помали и постари деца. Оваа вежба бара различни површини како што се тврд под, мека подлога, душек или тревник, како и топка што треба да ја удри или пријател за оттурнување.
Детето нека застане стабилно на умерено тешка подлога. Помеките површини го зголемуваат степенот на тежина. Детето ја постигнува својата рамнотежа, уште повеќе ако ги користи рацете. По можност, користете нешто за удирање, како што е боксерска топка или лице од кое детето може да се оттурнува за да постигне рамнотежа.
Секогаш бидете подготвени да го заштитите детето во случај на пад! За послабо дете се доволни кратки периоди, додека на посилното дете му треба поголем предизвик, во смисол на подлогата, активноста на рацете и горниот дел од телото.
Останати вежби за
период до 7 години
Оваа вежба ги зајакнува екстензорните мускули на колената и колковите низ игра.
Вежбите наречени количка се предизвикувачки и забавен начин за зголемување на силата на рацете, рамената зона и трупот.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001