
Вежби за деца кои одат
3 години – 7 години
ГОРЕ – ДОЛУ
Оваа вежба ги зајакнува екстензорните мускули на колената и колковите низ игра. Вежбата е наменета за деца од околу 3 до 7 години, но може да ја користат и помали и постари деца. За оваа вежба треба да имате на што да седите, на пример, столче, стол, раб од креветот или колено, како и топка.
Оставете го детето да седне на висина од која може да стане без да мора да се помага со раце. Ако детето седи на високо столче, вежбата е полесна. Колку пониско седи детето, толку е поголем степенот на тежина. Ако детето не е во состојба да седи самостојно, наместо тоа изберете ја вежбата „Стани и стој“. Користете ја топката, затркалајте ја во правец кон детето додека тоа седи, со што го каните да стане и да ја фрли назад за вежбата да биде позабавна. Алтернативно, можете да го ставите да стои и да ги става или вади магнетите од фрижидерот.
Имајте на ум дека послабо дете на почетокот можеби ќе треба да седи онолку високо, колку колковите и колената да се свиткани само малку, за да ја изврши вежбата без да се оттурнува со рацете. Внимателно зголемувајте го нивото на тежина за да се одржи мотивацијата и чувството за успешност.
Останати вежби за
период до 7 години
Оваа вежба ја зајакнува способноста на детето да стои стабилно, со тоа што мора да стои на различни површини.
Вежбите наречени количка се предизвикувачки и забавен начин за зголемување на силата на рацете, рамената зона и трупот.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001