Therapist helping a kid with balance

Вежби за деца кои одат

3 години – 7 години

КОЛИЧКА

Colourful Abstract Free Flowing Doodle Arrow

Вежбите наречени количка се предизвикувачки и забавен начин за зголемување ​на силата на рацете, рамената зона и трупот. Вежбата е наменета за деца од ​околу 3 до 7 години, но може да ја користат и помали и постари деца. За оваа ​вежба, потребна ви е топка или валјак, а можеби и играчки кон кои детето може ​да оди или кои може да се користат за да го натерате детето да ја крене раката ​кон нив.

Детето нека легне на стомак, или на топка за пилатес, или на валјак, со рацете испружени пред ​себе, и нека се наведне напред за поддршка со рацете, а потоа самото нека се поттурне наназад. ​Следниот чекор е да му се дозволи на детето да остане во положбата некое време со испружени ​раце и да вежба да подига една по една рака.


Ако детето има многу силни раце, може да ја усвои позицијата наречена количка и да се обиде да ​се движи со рацете. Имајте на ум дека само тогаш кога детето ќе може да издржи поголема тежина ​и ќе може спретно да подигне една рака, е подготвено да премине понатаму на „вистинска“ ​количка. Дотогаш, треба да се користи само полесната верзија, каде што детето има поддршка под ​стомакот од страна на оној кој го врши тренингот. Степенот на тежина потоа може дополнително ​да се зголеми, така што нозете ќе бидат пораширено поставени.

Останати вежби за

период до 7 години

Play Button

Оваа вежба ја зајакнува способноста на ​детето да стои стабилно, со тоа што мора да ​стои на различни површини.

Play Button

Оваа вежба ги зајакнува екстензорните ​мускули на колената и колковите низ игра.

Rough Abstract U Tape

ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО

Soft Scribble Heart

Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).


Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).


Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).


Референци:

  1. Неуромускулна мрежа TREAT-NMD. Физиотерапија и рехабилитација. [цитат од 29. ноември 2021 година]. Достапно на: https://smacare.guide/physiotherapy-and-rehabilitation/
  2. Mercuri E. и останати. Дијагноза и управување со спинална мускулна атрофија: Дел 1: Препораки за дијагноза, рехабилитација, ортопедска и нутритивна нега. Neuromuscul Disord 2018; 28 (2): 103-115.
  3. Lewelt, A. и останати. Вежби за тренирање на силата за отпорност кај деца со спинална мускулна атрофија. Muscle Nerve 2015; 52 (4): 559-567.


МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11

1000 Скопје

MK-SMA-0624-001