
Вежби за деца кои одат
7 години – нагоре
Стапало на кутија
Оваа вежба ја тренира мускулатурата за свиткување на колковите така што му овозможува на детето да го свитка само колкот и да го подигне стапалото до одредена висина. Вежбата е наменета за деца на возраст од 7 и повеќе години, но можат да ја користат и помалите деца. За оваа вежба ви треба ниска платформа, како што е скалило, книга или кутија и огледало.
Детето стои пред избраната платформа и ги крева нозете една по друга врз кутијата и повторно ги спушта долу. Степенот на тежина може да се промени со подигање на нивото на кое треба да се постави ногата и користење на тегови за зглобовите на нозете. На пример, многу лесно ниво би можело да биде стапнување на прагот.
Можете да му дозволите на детето да се држи за нешто цврсто и да се фокусира на правилното движење. Потребно е да се избегне компензирање со други мускулни групи. Огледалото може да му помогне на детето да се види себеси додека ја прави вежбата.
Останати вежби за
период над 7 години
Кога детето полека „седнува“ надолу колку што може во клекната положба, екстензорските мускули на детето во колковите и колената ефикасно се тренираат.
Одлична вежба за мускулатурата на бицепсот (мускулите кои ги виткаат лактите).
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001