
Вежби за деца кои одат
7 години – нагоре
МОЛАМ СЕДНИ
Кога детето полека „седнува“ надолу колку што може во клекната положба, екстензорските мускули на детето во колковите и колената ефикасно се тренираат. Вежбата е наменета за деца на возраст од 7 и повеќе години, но можат да ја користат и помалите деца. Вежбата бара ниска маса и играчки или топки.
Ставете го детето пред ниска маса или слична површина со играчки или топки на неа. Оставете го детето да ги свитка малку колковите и колената за да земе играчки или топки, но само онолку за потоа да не му треба помош од рацете за повторно да стане. Степенот на тежина може да се промени со прилагодување на висината од која се крева играчката или топката.
Совет е да користите топки со различна тежина. Имајте на ум дека за нејако дете кое стои со раздвоени нозе, ова е многу тешка вежба и може да биде потребно некој да стои зад него заради безбедност.
Останати вежби за
период над 7 години
Оваа вежба ја тренира мускулатурата за свиткување на колковите така што му овозможува на детето да го свитка само колкот и да го подигне стапалото до одредена висина.
Одлична вежба за мускулатурата на бицепсот (мускулите кои ги виткаат лактите).
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001