Therapist helping a kid with balance

Вежби за деца кои одат

1,5 години – 3 години

СТАНИ И СТОЈ

Colourful Abstract Free Flowing Doodle Arrow

Наведувајќи го детето низ играта да стане, се тренираат екстензорските мускули ​во колената и колковите. Вежбата е наменета за деца од година и пол до 3 ​години, но може да ја користат и постарите деца. За оваа вежба потребна е ​умерено високо столче.

Детето нека седне на умерено високо столче. Поттикнете го да стане. Ако е неопходно, помогнете ​му на детето држејќи му ги рацете и нежно повлекувајќи го напред и нагоре. Ако детето седи на ​повисоко столче, вежбата е полесна; колку е пониско поставено детето, толку е повисок степен на ​тежина. Вежбата може да се работи поврзано со сите движења.


Не заборавајте да изберете висина со која детето може да се справи без да мора да ја користи ​полната сила во рацете. Внимателно зголемувајте го нивото на тежина, за да се одржи ​мотивацијата и чувството за постигнување.

Останати вежби за

период до 3 години

Play Button

Едноставна вежба за поттикнување на ​свиткување на колкот.

Play Button

Наведувајте го детето низ игра, додека седи, ​да посега надвор од зоната на поддршката, се ​подобрува рамнотежата и се тренираат ​мускулите кои одржуваат рамнотежа додека ​седи.

Rough Abstract U Tape

ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО

Soft Scribble Heart

Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).


Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).


Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).


Референци:

  1. Неуромускулна мрежа TREAT-NMD. Физиотерапија и рехабилитација. [цитат од 29. ноември 2021 година]. Достапно на: https://smacare.guide/physiotherapy-and-rehabilitation/
  2. Mercuri E. и останати. Дијагноза и управување со спинална мускулна атрофија: Дел 1: Препораки за дијагноза, рехабилитација, ортопедска и нутритивна нега. Neuromuscul Disord 2018; 28 (2): 103-115.
  3. Lewelt, A. и останати. Вежби за тренирање на силата за отпорност кај деца со спинална мускулна атрофија. Muscle Nerve 2015; 52 (4): 559-567.


МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11

1000 Скопје

MK-SMA-0624-001