
Вежби за деца кои седат
1,5 месеци – 7 години
РАЧНА ГИМНАСТИКА ИЛИ ТЕНИС СО БАЛОН
Забавна вежба со топки за зголемување на силата и издржливоста во рацете. Вежбата е наменета за деца од некои година и пол до 7 години, но може да ја користат и помали и постари деца за тренирање на рацете. За оваа вежба потребна ви е стабилна површина за седење, столица или инвалидска количка, балон или топка. Можеби ќе бидат потребни и тегови, кои се ставаат околу рачните зглобови.
Детето нека седи стабилно и низ играта тенис со балони, поттикнете го да ги истегне рацете нагоре следејќи го балонот во различни насоки. За послаби деца користете балони (тенис со балон), но за посилни деца може да се користи топка или тегови на рачните зглобови.
Доколку детето не е во состојба да ги крева рамениците, доволно е да се користат рацете за да се подигне спроти гравитацијата, што е исто така добар тренинг. Како алтернатива, може да се користи таканаречената боксерска топка како стимулација на движењето на рацете.
Останати вежби за период до 7 години
Едноставна, забавна вежба за зајакнување на екстензорните мускули на нозете.
Добра вежба за зголемување на силата и стабилноста на колковите.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001