
Вежби за деца кои не седат
3 месеци – 1 година
ПРЕВРТИ СЕ ОВДЕ, ПРЕВРТИ СЕ ТАМУ
Вежба за вртење: oва е едноставна вежба за стимулирање на детето да најде начин да се превртува од грб на стомак и назад. Вежбата е наменета за мали деца од 3 месеци до 1 година, но може да ја користат и постарите деца. За оваа вежба, треба да изберете убава, безбедна површина со доволно простор за детето да се сврти.
Ставете го детето на подлогата, да лежи на грб. Имајте на ум дека ако површината е премногу мека, на детето ќе му биде потешко да се сврти. Поставете забавни играчки на соодветно растојание, така што ќе го натераат детето да сака да се сврти и да го дофати предметот.
Водете ја оваа вежба полека и трпеливо причекајте на самостојните движења на детето. Кога детето конечно ќе почне да се превртува, можете постепено да ја намалувате помошта при движењето на ногата. Погрижете се детето да стигне до играчката и да почувствува дека трудот вредел!
Останати вежби за период до 1 година
Ова е едноставна вежба за зајакнување на мускулите на вратот, грбот и рамењата.
Со оваа вежба детето почнува да вежба седење без поддршка.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001