
Вежби за деца кои не седат
3 месеци – 1 година
ГЛЕДАЈ ГО СВЕТОТ ОД ПОДОТ
Подигање на главата додека се лежи на стомак: oва е едноставна вежба за зајакнување на мускулите на вратот, грбот и рамењата. Вежбата е наменета за мали деца од 3 месеци до 1 година, но може да ја применуваат и постарите деца. За оваа вежба треба да изберете убава, безбедна површина на која ќе го поставите детето, пешкир или перничка, како и играчки што му се допаѓаат на детето.
Поставете го детето на под или на друга стабилна површина. Ако е можно, ставете здиплен пешкир или мала тенка перница под рацете на детето за полесно да му биде потпирањето со рацете и подигањето на главата.
За да го поттикнете детето подолго да ја држи главата нагоре, ставете книга или играчка на соодветна оддалеченост пред детето.
Останати вежби за период до 1 година
Ова е едноставна вежба за стимулирање на детето да најде начин да се превртува од грб на стомак и назад.
Со оваа вежба детето почнува да вежба седење без поддршка.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001