
Вежби за деца кои не седат
6 МЕСЕЦИ – 1 ГОДИНА
НАУЧИ ДА СЕДИШ
Вежба за седење: cо оваа вежба детето почнува да вежба седење без поддршка. Вежбата е наменета за мали деца од 6 месеци, но може да ја користат и постарите деца кои вежбаат седење. За оваа вежба е потребна мека површина.
Ставете го детето на подот и на разумно мека подлога. Ако површината е премногу мека, може да биде премногу тешко за детето да ја постигне вистинската рамнотежа кога седи. Ако површината е премногу тврда, детето може да се повреди ако изгуби рамнотежа. Децата со слаби мускули на трупот и вратот може да имаат потешкотии да најдат и да ја одржуваат рамнотежата кога седат. За време на вежбата, препорачливо е да седите зад детето и да му помогнете да постигне добра исправена положба. Доколку забележите дека детето е наведнато напред со свиткан грб и не може да ја држи главата нагоре, време е за пауза.
Неколку кратки периоди кога детето постигнува добра исправена позиција се покорисни отколку долгиот период во кој детето не успева да седи правилно со лошо држење на трупот.
Останати вежби за период до 1 година
Ова е едноставна вежба за зајакнување на мускулите на вратот, грбот и рамењата.
Ова е едноставна вежба за стимулирање на детето да најде начин да се превртува од грб на стомак и назад.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001