
Вежби за деца кои седат
6 МЕСЕЦИ – 1,5 ГОДИНА
ПОТПИРАЊЕ СО НОЗЕ
Помош со потпирање на нозете: Кај оваа вежба детето почнува да се потпира со своите нозе. Вежбата е наменета за деца од 6 месечна возраст или кога детето треба да го вежба потпирањето со сопствените нозе. За оваа вежба потребна е стабилна површина и доволно висока маса пред детето, каде што се ставаат играчки кои му предизвикуваат желба на детето да стане.
Поставете го детето на своето колено и доколку е потребно, нежно поддржете го така што ќе ги ставите рацете над колената на детето. За да го натерате детето да стане, испружете ја ногата на која ви седи детето. За да го олесните движењето, нека детето започне од поголема висина.
Колку пониско го ставате детето, толку му е потешка вежбата. Важно е да го поставите детето на таква висина што детето навистина активно работи со своите нозете при оттурнување. Со рацете поставени над колената на детето, почувствувајте дали постои активно движење во нозете на детето.
Останати вежби за период до 1,5 години
Ова е вежба каде што детето практикува да се исправи во седечка положба.
Забавна вежба за зголемување на стабилноста при седење и зајакнување на рацете.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001