
Вежби за деца кои седат
6 месеци – 1,5 година
ИСПРАВИ СЕ И СЕДНИ
Ова е вежба каде што детето практикува да се исправи во седечка положба. Вежбата е наменета за мали деца од околу 6 месеци, но може да ја применуваат и постари деца. За оваа вежба потребна ви е мека, но стабилна површина и играчки кои му се допаѓаат на детето.
Поставете го детето така што ќе биде наведнато (свиткано) нанапред, на мека подлога на подот. Охрабрете го детето да се исправи и да седне така што ќе се оттурне со рацете од подлогата. Користете играчки или било што друго што ќе го натера детето да сака да се исправи во правилна седечка положба.
За да ја отежнете вежбата, ставете го детето на грб или стомак. Од оваа поза поттикнете го детето да се турка во седечка положба со помош на силата на своите раце.
Останати вежби за период до 1,5 години
Забавна вежба за зголемување на стабилноста при седење и зајакнување на рацете.
Кај оваа вежба детето почнува да се потпира
со своите нозе.
ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО
Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).
Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).
Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).
Референци:
МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11
1000 Скопје
MK-SMA-0624-001