Child playing piano. Kids play music.

Вежби за деца кои седат

6 месеци – 1,5 година

ЛЕСЕН ПРЕДИЗВИК ПРИ СЕДЕЊЕ

Забавна вежба за зголемување на стабилноста при седење и зајакнување на ​рацете. Вежбата е наменета за деца на возраст од околу 6 месеци или постари ​деца за вежбање на седењето без поддршка. За оваа вежба потребна ви е мека, ​но стабилна површина и играчки кои му се допаѓаат на детето.

Colourful Abstract Free Flowing Doodle Arrow

Ставете го детето на мека, но стабилна подлога. Ставете играчки околу детето така што детето ќе ​биде поттикнато да се наведне напред и настрана. Колку е поголема оддалеченоста, толку повеќе ​се нарушува рамнотежата на детето кога седи. Наведувајќи го детето кон предмети на различни ​висини, се стимулира способноста за стабилно седење, но и силата во рацете.


За децата кои штотуку научиле да седат без поддршка, полесни играчки, балони и меурчиња од ​сапуница може да бидат доволни. Кај деца кои седат стабилно, може да се користат потешки ​играчки. Вежбата може да се отежни и доколку се држи играчката, така да детето мора да ја ​повлече со малку повеќе сила.



Останати вежби за период ​до 1,5 години

Play Button

Кај оваа вежба детето почнува да се потпира ​со своите нозе.

Play Button
Play Button

Ова е вежба каде што детето практикува да ​се исправи во седечка положба.

Rough Abstract U Tape

ПРИДОБИВКИ ОД ВЕЖБАЊЕТО

Soft Scribble Heart

Тековните упатства за лекување на СМА од страна на Treat-NMD велат дека вежбите за физиотерапија и рехабилитација се полезни за лица и деца кои седат, не седат или одат a живеат со СМА (1).


Доказите покажуваат дека физиотерапијата може да има позитивен ефект врз пациентите со спинална мускулна атрофија (2).


Според една неодамнешна студија, домашните прогресивни вежби за тренирање на отпорноста се изводливи, безбедни и добро се поднесуваат кај децата кои живеат со СМА (3).


Референци:

  1. Неуромускулна мрежа TREAT-NMD. Физиотерапија и рехабилитација. [цитат од 29. ноември 2021 година]. Достапно на: https://smacare.guide/physiotherapy-and-rehabilitation/
  2. Mercuri E. и останати. Дијагноза и управување со спинална мускулна атрофија: Дел 1: Препораки за дијагноза, рехабилитација, ортопедска и нутритивна нега. Neuromuscul Disord 2018; 28 (2): 103-115.
  3. Lewelt, A. и останати. Вежби за тренирање на силата за отпорност кај деца со спинална мускулна атрофија. Muscle Nerve 2015; 52 (4): 559-567.


МЕДИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Ул. Наум Наумовски Борче 50/2-11

1000 Скопје

MK-SMA-0624-001